Судијата му даде збор на Груевски само 5 минути - екс премиерот реагираше

Судијата Огнен Ставрев пред денешното рочиште на судењето за уривањето на Космос, ги информираше адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, како и на другите одбинети дека ќе можат да зборуваат само по пет минути, пренесе Макфакс.

Екс премиерот рагираше дека не знаел дека ќе има вакво ограничување. 

Судијата откако го поучи Груевски за законските можности и обврски  го праша дали  го разбрал обвинението и дали чувствува вина, на што поранешниот премиер одговори: „Не се чувствувам виновен и не сум го прекршил законот“. 

Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица, меѓу кои и градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според Обвинителството, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. 

 

 

 

16.03.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега