Коѕијас идната недела во Скопје со нацрт-спогодбата

 

Шефот на грчката дипломатија идната недела доаѓа во Скопје. Информацијата која ја објавија грчките медиуми дека Никос Коѕијас на 22 и 23 март ќе дојде во посета  на Македонија, неофицијално е потврдена и во Скопје, пренесе Телма.

Во меѓувреме портпаролот на македонската влада вчера ја потврди посетата на Коѕијас идната недела, оценувајќи ја како е чекор напред во придвижување кон конечното решавање на спорот.

Коѕијас доаѓа заедно со нацрт спогодбата. Заев пред два дена за нацрт-спогодбата која ќе ја достави Коѕијас рече дека секој документ кој што ќе дојде од било која страна и би бил од помош за конечно решавање, е вреден за разгледување.

 

 

 

16.03.2018 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега