Курти го „удри“ Ахмети во Приштина: Ротациите се добра работа
Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години, изјави косовскиот премеир Албин Курти што беше студен туш за Али Ахмети кој се уште тешко ја поднесува позицијата во опозиција. Изјавата, зачинета со онаа дека Македонија нема закон за албанскиот јазик, туку закон за јазици оди на линија на тоа дека интегративците имаат се помалку сојузници надвор од границите на земјава.
Прашан за незадоволството на ДУИ, Курти истакна дека политичката ротацја е здрава работа и не треба да се води битка само за функционерките фотељи, туку да се водат битки за идеи. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста.
„Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години. Од основањето како субјект некаде околу година и половина беше во опозиција. Ротацијата е здрава. Од друга страна јас бев 20 години во опозиција. Сега сум во влада, 4 години ќе навршат следната пролет, но првин ќе имаме нови избори. Мора да се бориме со идеи за граѓаните и за Албанците. Мислам дека не треба да се бориме за власт. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста. Ова треба да биде победата. Но, ротациите се неизбежни. Ние сме една нација, Албанците каде и да се, имаме еден идентитет и еден јазик, но не можеме да имаме една политичка партија„, додаде Курти.
“Кога станува збор за правата на Албанците таму, имаме посебна чувствителност, разбрав дека таму нема закон за албанскиот јазик, во Северна Македонија има закон за македонскиот јазик и кирилицата, но нема закон за албанскиот јазик. Иако оваа недела ќе го одбележиме и Битолскиот конгрес од 1908 година кога е основана азбуката на нашиот убав албански јазик, значи законот за албанскиот јазик не постои. Од друга страна имаме закон за употреба на јазиците. Значи, треба да се обидете да останете 20 проценти, ако паднете под 19 проценти, како повеќе да не постоиш во јазична смисла на зборот, а тоа се формулациите од минатото, кои со закон не го прават албанскиот јазик свој јазик”, рече Курти.
Дека изјавите на Курти силно го погодија ДУИ говори и изјавата на екс министерот за надворешни работи Бујар Османи кој не штедеше критики.
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, изјавата на косовскиот премиер за албанскиот јазик во Македонија, ја нарече „скандалозна“ и „штетна“.
Османи оцени дека дури Курти ја поткопувал и точката од Охридскиот договор која ја регулирала употребата на албанскиот јазик во Македонија, која е постигната преку измена на Уставот во 2001 година. Ја поврза изјавата на Курти со антиалбанската политика што, како што тврди, доминирала во Македонија, и предупреди дека ова ја поткопувало функционалноста на мултиетничката демократија во земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа