Бојковска: Ќе и се обратам писмено на Арсовска - ова е катастрофална неспособност
„Вистинската слика за состојбата со јавниот превоз и со ЈСП.
Јас живеам во Илинден, приградска населба во која живеат домаќини, мирни луѓе.
Градскиот јавен превоз е многу користен од граѓаните кај нас.
Вработени, ученици, пензионери.
Проблемот е огромен и навистина многу жители имаат огромни маки со секојдневното функционирање.
Денес добив повеќе телефонски повици од наши граѓани кои се пожалија дека и по чекање од час и половина, автобус за Илинден не дошол.
Ова е катастрофална неспособност, а зачудува начинот со кој што Градоначалничката Арсовска и одговорните го третираат овој проблем.
Оваа незаинтересираност е веќе неиздржлива.
Како граѓанин на Илинден, јавно апелирам да се освестат, да заборават на политизирањето и личниот интерес и во останатиот дел од мандатот да најдат решение и нормализирање на јавниот превоз барем на овој дел од градот Скопје.
Воедно во понеделник, ќе напишам писмено барање до Градоначалничката Арсовска и ЈСП за ургентно решавање на овој проблем“, напиша пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска на социјалната мрежа Фејсбук викеднов во врска со проблемите со јавниот превоз во главниот град.
„Доколку нема решение, сметам дека како граѓани на Илинден, бранејќи го нашето елементарно право, треба да ги известиме сите медиуми со цел да направиме јавен притисок за надминување на оваа ситуација“, додава пратеничката во објвата на ФБ.
18.11.2024 - 17:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа