Двајца антикорупционери не одат на работа, но не дале ниту отказ

Антикорупциска стави клуч на врата откако петмина од седумте членови си поднесоа оставки, а останатите двајца никаде ги нема, објави Телма. Обиувајќи се да дојдат до одговори, зошто овие двајца членови сѐ уште не поднеле оставки по примерот на своите колеги, од Телма не добиле одговор.

Портпаролката на Секретаријатот за односи со јавност изјавила дека нема информации каде се двајцата антикорупционери. На прашањето дали е точно дека Ристова Аџикотарева потрошила околу 37 илјади денари за такси превоз од дома до работа, а Спасевски дека не доаѓал воопшто таа за Телма рекла дека повеќе нема овластување за давање на информации.

Согласно деловникот за работа, за информирање на јавноста одлучува самата Комисија, а имајќи ја предвид фактичката состојба, со оставката на Претседателот и четворицата членови, Секретаријатот нема овластување да одговара на новинарски прашања.

Сузана Ристова Аџикотарева и Најдо Спасевски се единствените кои не поднесоа оставки после објавувањето на ревизорскиот извештај во кој спорно беше трошењето на буџетот на комисијата и објавени беа можни злоупотреби.

 

 

 

12.03.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега