Пешевски: Македонија лидер во регионот за привлекување странски инвестиции

 

Македонија е лидер во регионот и во привлекување на странски инвестиции по глава на жител, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.

-Во делот на привлекување на нови проекти Македонија стои многу добро. Во втората половина од годинава очекувам да има засилување на странските инвестиции, докапитализација и проширување на дејноста на некои од постоечките инвестиции, изјави вицепремиерот, пренесе Курир.

Инаку, тој посочува дека сето ова е резултат на напорите на македонската Влада.

-Во втората половина од годинава очекуваме да се зголеми бројот на странски компании кои ќе дојдат во Македонија. Многу компании веќе се во фаза на донесување на одлуки за инвестирање, додаде Пешевски.    

05.09.2013 - 14:23

најчитано сега