Одрон на патот Македонска Каменица-Кочани: Се користи алтернативен пат

Сообраќајот меѓу Кочани и Македонска Каменица во прекин поради одрон

Сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин во двата правца поради отстранување одрони во близина на село Истибања. Се користи алтернативен пат Кочани- Виница- Драгобрашта- Бигла- Македонска Каменица.

На државните патишта сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинскиот превој Пресека, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

 

 

12.02.2018 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега