Глигоров: Решението на името треба да има двајца победници

Решението на спорот за името со Грција треба да има двајца победници, смета Владимир Глигоров синот на поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров. 

Според него, прашањето за името на Македонија може некако да се реши и тоа да е политички достоинствено. Неговиот став за Уставот на Република Македонија е дека тој треба да биде променет во согласност со внатрешните состојби во земјата и во рамки на приближувањето на земјата кон ЕУ, за да бидат надминати и прашањата за иредентизмот кои Грција ги поставува.

Владимир Глигоров, кој е економист по префоесија, во 1989 година беше еден од основачите на Демократската партија на Србија, а од 1994 живее и работи во Австрија во Институтутот за меѓународни економски истражувања. Тој е и лектор на Виенскиот универзитет, наведува грчкиот весник. 

 

 

 

12.02.2018 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега