Повредената пратеничка на СДСМ останува на Неврохирургија - детали за состојбата

Во тешка сообраќајка на патот Демир Капија-Удово која се случи вчера, тешко е повредена пратеничка на СДСМ од Валандово. Како што дозна Пресс24, таа е итно пренесена во Ургентниот Центар во Скопје, со повреди на главата и телото.

Сакам дакажам пишува дека пратеничката од редовите на СДСМ, Мери Лазарова е во стабилна состојба, а вчера била донесена на Клиника во 20 часот.

- „Има лесна повреда на главата и е во стабилна состојба. Немаше потреба од никаква хируршка интервенција, и нема други повреди. Ќе ја задржиме уште неколку дена на опсервација. Хоспитализирана е на Клиниката за неврохирургија“, вели д-р Венко Филипче за Сакамдакажам.

Инаку, пратеничката била во својот автомобил и удрила во одрон, па по неа уште еден автомобил се забил во нејзиниот. Со неа во возилото бил и  градоначалникот на Валандово Перо Костадинов на кој му се исто така констатирани телесни повреди.

 

 

 

11.02.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега