„Вистината за ДУИ“: 5.000 евра месечно повеќе за Дуна за зонско паркирање
Јавното претпријатие „Паркиралишта и зеленило“ од Гостивар го раскина договорот со компанијата „Дуна Компјутери“ кој се однесуваше на наплатата на зонското паркирање.
Одлуката за прекинот на соработката и причините за вакавата одлука беа соопштена на прес конференцијата која локалната самоуправа ја одржа во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“.
- Сметаме дека процентот наменет за приватниот партнер бил превисок, а исто така имало и други престапи. Всушност, според договорот приходите предводено е да се делат 38 отсто на компанијата партнер и 62 отсто за јавното претпријатие. Процентот бил предвиден во нето, додека цело време исплатата била правена во бруто износ. Од ваквиот начин на поделба на парите, значи, дека јавното претпријатие трепело штета од просечно по 300.000 денари или пет илјади евра месечно - рече Расим Абдули, портпаролот на ЈП „Паркиралишта и зеленило.
Музафер Зулбеари, директор на ЈП Паркиралишта и зеленило кажа дека нема да има отпуштања и сите 26 вработени ќе останат на работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа