ФОТО: Ибраими ги помина лекарските прегледи во Каљари

Агим Ибраими ги мина лекарските прегледи во Каљари и изјави дека е пресреќен што следната сезона ќе настапува за дресот на овој тим како позајмен фудбалер од Марибор.

Иако претходно се зборуваше дека Каљари ќе го купи Ибраими, сепак на официјалната страница на екипата осамна информација дека договорот е за едногодишна позајмица со можност за целосен трансфер.

Ибраими вели дека е пресреќен што ќе го носи дресот на Каљари.

-Јас и моето семејство сме пресреќни што ќе играм за Каљари. Горан Пандев многу ми зборуваше за Серие А и за тоа каква атмосфера владее тука. Оваа недела имам репрезентативни обврски, но со нетрпение чекам да почнам со Каљари, вели Ибраими.

03.09.2013 - 14:23

најчитано сега