Огромен интерес за „Купи куќа, купи стан“ - проектот успешен и за приватните компании

 

Дури 200 заинтересирани граѓани, во месец август се јавиле во градежната компанија „Адора Инженеринг“ за да се информираат околу купување стан преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. Од овие 200, само во еден ден се потврдени две апликации за купување стан по овој модел.

Од „Адора Инженеринг“ велат дека и во изминатиот период имало интерес за проектот „Купи куќа, купи стан“ и на овој начин досега се склучени 15 договори за купопродажба на стан.

Интересот за проектот значително пораснал по неодамнешните законски измени со кои станаа неповратни 50 отсто од средствата на државата за учество во станбениот кредит.

Од компанијата велат дека со учество во владиниот проект со дел од понудата на елитни станови, ја поддржуваат социјалната димензија на проектот “Купи куќа, купи стан“, бидејќи овој проект им овозможува на граѓаните со поплиток џеб да станат сопственици на асеизмички стабилен, квалитетен, енергетски ефикасен и економичен стан, изграден по европските стандарди.

03.09.2013 - 11:37
Фото: 
дневник

најчитано сега