Фото: Потресна порака од сопругот на притворената Елена Божиновска

Денот не е ден без тебе! Недостасуваш! Неправдата ни ја зема радоста. Овие зборови на социјалната мрежа Фејсбук ги напиша Игор Божиновски, сопругот на Елена Божиновска која е во затворот Шутка за настаните од Собранието.

-Денот не е ден без тебе! Недостасуваш! Неправдата ни ја зема радоста. Секојдневие какво на никој не му посакуваме, неправда каква никој не заслужува. Те чекаме! Бог суди последен! Кога ќе ви биде најубаво во кругот на семејството, сетете се на семејствата неправедно оставени без радост. Нејзината душа е чиста, главата исправена. А вашите? Во пост и молитва, во мизерни затворски услови, Елена ги поздравува сите добронамерници и доброчинители, а на одметнатите од Бога посакува враќање на патот Господов, пишува Игор Божиновски во пораката која е објавена и на Фејсбук групата „Слобода за Елена“.

 

 

 

26.12.2017 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега