Влегле со пиштоли во црква во скопско - ја врзале и ограбиле

Во 16 часот и 10 минути вчера, граѓанин пријавил дека во селото Катланово, скопско, во црквa лоциранa на 150 метри пред Катлановска бања, две лица вооружени со пиштоли, влегле во објектот каде престојува 75-годишната Е.Ѓ. од Гостивар која била служител на црковниот храм, и се заканиле, ја седнале на стол, и ги врзале рацете одзади и побарале да им ги даде парите.

Откако им кажала дека нема пари, насилниците ги земале парите кои биле собрани за црквата.

Потоа на Е.Ѓ. и го одзеле ланецот кој го носела на себе и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

21.12.2017 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега