Големиот пожар во Калифирнија уште беснее а со себе однесе уште една жртва

Во пожарот во Калифорнија загина еден пожарникар, што е втора жртва на огнената стихија.

Гаснењето на пожарот е отежнато од ветрот, а огнот се шири кон ексклузивната населба Монтесито, каде живеат познати личности како ОПра Винфри, Елен Деџенерис и други.

Минатата недела загина 70-годишна жена во сообраќајна несреќа во текот на евакуацијата поради пожарот, при што изгореа 700 домови, а е закана за уште 18.000 бидејќи ветровите во калифорнискиот град Санта Ана се насочуваат кон Монтесито.

Националната метеоролошка служба 13 ден по ред издаде црвено предупредување за опасност од пожар поради жешкото, суво и ветровито време, а наредба за евакуација добија 95.000 луѓе.

 

 

 

17.12.2017 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега