РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика
РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а останатиот дел го делат други 20 снабдувачи.
Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека во снабдувањето на големите субјекти држи дури 34% од пазарот.
Покрај на големите потрошувачи, РЕС дава исклучително поволни и поевтини понуди за снабдување и на мали потрошувачи и нивниот број во балансната група на РЕС постојано расте, особено од почетокот на 2024 година.
Компанијата во моментот бележи уште повисоки резултати и снабдува над 900 клиенти, со предвидена годишна количина од околу 700.000 MWh електрична енергија.
РЕС е формиран во 2022, а годинава се најде на листата на ТОП 100 компании со најголема добивка во 2023 година.
Годишниот извештај на РКЕ проследете го на следниот ЛИНК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа