Македонска делегација му одаде почит на романскиот крал Михаи Први

Делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери,  му оддаде почит на кралот Михаи Први на Романија на мисата што се одржа во Кралската палата. 

Во македонската делегација е и вицепремиерот Кочо Анѓушев и македонскиот амбасадор во Романија.  

На мисата присуствуваа високи гости од државата и странство, како и Кралот на Шведска Карл Шеснаесетти Густаф, Кралот на Шпанија Хуан Карлос Први, Принцот на Велс, Чарлс и претставници на кралските семејства од Европа.

Романскиот крал Михаи Први ќе биде погребан денеска со највисоки државни и воени почести. 

 

 

 

16.12.2017 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега