Полицијата во потрага по две исчезнати лица од Скопје

Во полициската станица во Скопје пријавени две исчезнати лица, едното лице е малолетно а другото е 55- годишна жена.

Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Чаир, социјален работник во Домот „25-ти Мај“ пријавила дека истиот ден, околу 04 часот и 30 минути нивниот штитеник 17- годишниот Т.З од непознати причини се оддалечил од домот во непознат правец- се вели во соопштение од полицијата.

Од МВР велат дека истиот ден , но нешто подоцна околу 18.00 часот во Полициската станица Чаир,61- годишниот  М.И од Скопје пријавил дека на 10.12.2017 година околу 12.00 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга 55- годишната М.Ш од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

 

16.12.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега