Мистерија: Милијардерот и неговата сопруга пронајдени мртви во својата вила (видео)

Канадскиот милијардер Бери Шерман и неговата сопруга Хани пронајдени се мртви во подрумот на својата куќа, а полицијата околностите околу нивната смрт ги опиша како „сомнителни“. Телата ги пронашол агент за недвижнини.

Бери Шерман беше основач и шеф на гигантот во фармацијата Апотекс, кој продава генерички лекови ширум светот. Беше еден од најбогатите луѓе во Канада, а познат беше и како истакнат филантроп.

Полицијата објави дека не се пронајдени никакви траги на насилно влегување во куќата. Локалните медиуми известуваат дека полицијата засега не трага по осомничени.

Иако полицијата не го потврди идентитетот на починатите сопружници, за нивната смрт се огласија нивните пријатели, но и високи официјални лица од Канада, меѓу кои и премиерот Џастин Трудо.

 

Sophie and I are saddened by news of the sudden passing of Barry and Honey Sherman. Our condolences to their family & friends, and to everyone touched by their vision & spirit.

 

„Останав без зборови“, на Твитер напиша министер за здравство на покраината Онтарио, Ерик Хоскинс и додаде: „Моите драги пријатели Бери и Хани Шерман се пронајдени мртви. Беа сјајни луѓе, неверојатни филантропи, големи лидери во делот на здравствената помош.“

Луксузната куќа во која се пронајдени телата неодамна е ставена на продажба и тоа по цена од 5,4 милиони долари.

Телата на починатите сопружници ги нашол агент за недвижнини кој дошол во куќата за да ја припреми за продажба.

Бери и Хани Шерман зад себе оставија четири деца. Шерман Апотекс ја основал во 1974 година, а таа компанија е седми најголем производител на лекови во светот. Магазинот Форбс богатството на Бери Шерман го процени на 3,2 милијарди американски долари.

 

 

 

16.12.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега