Последниот број од годината која сте родени открива неколку важни работи за вас

Годината која сте родени открива многу за вас. Сепак најважен е последниот број  од годината во која сте родени, а секој број одговара на некој елемент, а тоа се метал, оган,земја,  дрво и оган.Овие елементи го откриваат вашиот карактер.

На пример ако сте родени во 1987 година, вашиот број е 7, а негов елемент е оган.

Метал 0 и 1

Луѓето родени под овој елемент имаат цврст карактер и се многу отпорни. Тие се слободни и прилично резервирани, бидејќи сакаат да го прават она што е добро за нив и самите да влијаат врз својот живот. Сакаат да живеат доследно и да бидат опкружени со љубов.

Тоа се поединци кои знаат што сакаат и ќе направат сѐ за да дојдат до тоа. Одлучни се и не толерираат пропусти. Недостаток им е преголемата желба за чувство на моќ, луксуз и многу пари.

Вода 2 и 3

Луѓето родени под овој елемент се многу сочувствителни, привлечни и симпатични. Тие имаат големи замисли и се многу снаодливи, а тоа е она што ги прави успешни во професиите поврзани со уметноста и имаат многу добар инстинкт и исклучително се ориентирани на деталите.

Дрво 4 и 5

Ова се самоуверени и внимателни луѓе. Тие ја сакаат оригиналноста, новите искуства и сонуваат да го истражат светот околу себе, за да ги откријат сите негови бизарни места и загатки.

Не се себични и егоистични, а луѓето кои ги опкружуваат го ценат тоа, па затоа уживаат во нивното друштво.

Оган 6 и 7

Луѓето родени под елементот оган се вистински авантуристи и сонуваат да го пропатуваат целиот свет. За нив може да се каже дека се прилично брзоплети, па тоа понекогаш им носи проблеми кои не морало да ги имаат.

Тие се омилени во друштвото, бидејќи се однесуваат природно и многу се љубезни. Може да се каже дека го имаат она нешто кои другите луѓе ги привлекува кон нив.

Земја 8 и 9

Тука станува збор за личности кои се многу доверливи и кои се добри претприемачи. Тие се разумни и секоја работа паметно ќе ја разгледаат. Сакаат дисциплина и ред, и да живеат така што ќе се држат до своите планови.

Луѓето родени под елементот земја, кога работат нешто, го прават тоа на невпечатлив начин. Најмногу се плашат од непознати ситуации.

 

 

 

15.12.2017 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега