Бејли: Нема твитер-војна, но уште еден руски цевковод нема да донесе чист воздух

Загадувањето на воздухот деновиве е енормен проблем во Скопје, а според мерањата и статистиките, вчера бевме најзагаден град во светот.

За решение на проблемот се јавија на социјалната мрежа Твитер, американската и руската Амбасада. 

Амбасадата на САД изрази загриженост за ситуацијата, а при тоа праша какви предлози имате вие за проблемот. На ова веднаш одговори руската Амбасада.

– Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот од руската Амбасада, како одговор на твотот на американската.

Сепак откако претседателот на Обединета македонска дијаспора, Мето Колоски денеска на својот Твитер профил ги предизвика Амбасадата на САД во Македонија и Амбасадорот Џес Бејли, наведувајќи дека се случува „Твитер војна меѓу амбасадите на САД и Русија поради загадувањето на воздухот во Македонија, набргу доби одговор од Бејли.

Амбасадорот на САД одговори опширно. „Не е Твитер војна. Ние им поставивме на македонските граѓани прашање за краткорочни мерки за чист воздух. Уште еден руски цевковод тоа нема да го направи. САД ја поддржуваат желбата на Македонија да донесе гас во македонските градови и разноликоста во снабдувањето со гас за Македонија и Европа“, напиша амбасадорот на САД во одговор на Колоски.   

 

 

 

 

15.12.2017 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега