Во Собранието дебата за Законот за јазиците
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања, на која на дневен ред е Предлог-законот за употреба на јазиците во второ читање.
Комисијата ќе ги разгледува поднесените амандмани по предложениот текст. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.
Потребата од носење закон за употреба на јазиците беше изгласана од пратениците на 15 ноември годинава. „За“ гласаа 66 пратеници, а 41 беа против. Во Собранието на Република Македонија седница ќе одржи и Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
На дневен ред е јавна расправа на тема: “70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа