Бидете внимателни: Отежнат сообраќајот на неколку патни правци

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва соопшти дека отежнато се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево - Македонска Каменица поради обилните врнежи од дожд и одрони на патот.

Претходно, информираше дека не е проооден и локалниот пат од селото Железнец до селото Мало Илино во Демир Хисар и оти отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово - Галичник, 100 метри пред Царева Чешма поради излевање вода на коловозот. 

Поради одрон по една коловозна лента во должина од 10 метри се одвива и сообраќајот на патот Виница - Берово кај месноста викана Рибарник.

Се санира и состојбата со поплавата на подвозникот кај клучката Матка во Скопје, во близина на бензинската станица „Бис Оил“. 

 

 

 

01.12.2017 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега