Жена прегазена на „Водњанска"

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила вчера во 08 часот и 45 минути на булеварот „Мајка Тереза“ пред крстосницата со улиците „Тодор Александров“, „Ацо Караманов“ и „Белградска“.

Според информациите од МВР, патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од 38-годишниот Н.А. од Скопје удрил во 45-годишната Ж.А.од Скопје.

-Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила пешакот Ж.А. која со истото возило од страна на Н.А. била пренесена во Ургентен Центар во Скопје за укажување на лекарска помош по што истата била пуштена на домашно лекување, информираат од полицијата.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.11.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега