Се огласи Цетински: Ова е најлошиот ден во мојот живот

После несреќата која се случи денес откако пејачот прегази маж, се огласи и самиот Тони Цетински. 

– Учествував во несреќа за која не сум одговорен. Сигурен сум дека полицијата тоа ќе го потврди после увидот, рекол Цетински за 24сата.хр.

– Потресен сум и немам зборови со кои би го опишал најлошиот ден во животот кој човек може да го доживее, рекол пејачот.

Потсетуваме дека тој прегази човек денес кој лежел среде улица. Мажот починал но сеуште се чека на извештај дали починал од ударот или бил мртов пред тоа.

 

 

 

03.11.2017 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега