По дизелот ќе поскапат и цигарите во Македонија

Покрај дизелот, наредната година ќе поскапат и цигарите. Според планот за зголемување на акцизата на тутунските производи, од 1 јули идната година, секоја кутија цигари ќе поскапи по најмалку 4 денари. Така ќе биде во наредните 7 години, односно, секоја година цигарите ќе поскапуваат по најмалку 4 денари за една кутија, што значи дека секоја кутија за 7 години ќе биде за 28 денари поскапа.
Цените ќе бидат вакви доколку во меѓувреме поризводителите не решат дополнително да ги коригираат цените. Простор за тоа отвора новата акциза на дизелот кој ќе стане поскап за 3,54 денари по литар, а тоа, ќе ги зголеми трнанспортните трошоци на компаниите. На крајот како по обичај, сметката ќе ја платат граѓаните.

 

 

 

03.11.2017 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега