Комисијата за следење изборни нерегуларности поднесе серија тужби

Привремената Комисија за следење на изборните нерегуларности во рамките на Јавното обвинителство, поднесе серија тужби за законски прекршоци кои се случија за време на вториот круг од локалните избори. Обвинителот Џелал Бајрами, негираше вмешаност на полициски службеници во изборните нерегуларности и негира било какви случаи за бугарски воз. Во Велес е евидентиран случај на злоупотреба на правото на глас, кога едно лице гласало наместо неговата сопруга. Уште едно лице во Велес извршило притисок врз вработените за кого да гласаат. Органот кој покренал најмногу кривични дела е Министерството за внатрешни работи, чии припадници биле на секое избирачко место, а од Комисијата за гонење на изборни нерегуларности не дадоа точен број на лица кои се осомничени дека извршиле нерегуларности. Од Републичкото обвинителство велат дека работат на целосно расветлување на случаите.

Во контекст на вишото обвинителство во Скопје каде се вклучени неколку обвинителства како Основните обвинителства – Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци, Гевгелија, поднесена е кривична пријава за едно лице под сомнение за сторено кривично дело, кршење на изборното право, казниво во согласност со член 160 од Кривичниот законик на Република Македонија. Исто така, постои пријава од страна на Министерството за внатрешни работи против две лица за кривично дело поткуп при избори и гласање, казниво според член 162 од Кривичниот законик“. – изјави Џелал Бајрами – Обвинител

 

 

 

30.10.2017 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега