Официјални резултати: СДСМ ќе раководи со Скопје и 56 општини, ВМРО-ДПМНЕ со 5

 

 

СДСМ, според резултатите по двата круга од локалните избори, ќе раководи со Скопје и 56 општини, ВМРО-ДПМНЕ во пет, ДУИ во 10, Алијансата за Албанците во три, Беса, ДПА и ДПТ во по една, а кандидати предложени од група избирачи во три општини.

Освен во Скопје, СДСМ и коалицијата во првиот круг од изборите на 15 октомври победија во 37 општини: Центар, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Дебрца, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струмица.

Во вториот изборен круг СДСМ доби градоначалници во уште 19 општини: Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Виница, Градско, Демир Капија, Јегуновце, Карбинци, Македонски Брод, Македонска Каменица, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново Облешево, Шуто Оризари и Штип.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден, Петровец и Сопиште, а во втриот во Зрновци и Кавадарци.

 

 

 

 

30.10.2017 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега