Зијадин Села: Криминални избори со закани и поткупи
Во Струга кандидатот за градоначалник Зијадин Села обвинува за криминални избори. Тврди дека на повеќе места имало закани, уцени и купување гласови за време на изборниот процес во Струга, се случуваше криминал, обвинува кандидатот за градоначалник од Алијанса за албанците Зијадин Села, посочувајќи на сериозни нерегуларности, уцени и купувања на гласови кои се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови.
- Толку вели Села, од повиците граѓаните да изезат и да гласаат слободно, по лично убедување, остварувајќи го своето демократско право. Тој ги провика институциите на системот да профунционираат, давајќи им и точна локација каде се случувал изборниот криминал.
- Да ги повикам правната држава, полицијата, да бидат поактивни а не да ги дозволат да се случуваат да се уценуваат граѓаните да се купува нивниот глас, веќе имаме пријавено кај едно место кај тинес кај Ристо Крле дуи има скриен штаб каде што се продава се носат граѓани со кола и таму и ги купуваат нивните гласови. Еве јавно ги повикувам да одат да контролираат да влегуваат внатре, таму се врши криминал над изборниот процес - изјави Зијадин Села.
На терен сешто може да се случува велат од ОИК, ние го проверуваме само изборните места, а до овој момент нема индиции за нерегуларности.
Од ОИК посочуваат дека за ваков вид нерегуларности полицијата е таа која треба да реагира. Од полицијата пак велат дека во Струга во текот на денешниот изборен ден не се регистрирани инциденти.
И додека на една страна се случувал изборен криминал, граѓаните на Струга кажуваа во какво светло сакаат да го видат нивниот град.
Од МВР информираат дека вчера во 21.50 мин за време на изборниот молк, во струшко Мислешево полицијата пронашла расфрлани летоци со содржина за еден кандидат за градоначалник на Струга. Во вториот изборен круг на гласање излегле 40,58% од евидентираните гласачи, додека во првиот 52,9%
29.10.2017 - 20:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа