Неофицијално: СДСМ со победа во Гази Баба

Неофицијалните информации од Штабот на СДСМ говорат дека при првичното пребројување на гласовите, кандидатите на оваа партија извојувале победа во Гази Баба, Старо Нагоричане, Новаци, и Могила.

Јасмина Гулевска, кандидатката на СДСМ во Могила извојувала победа во- практично, ова е преседан за владејачката партија СДСМ, која повеќе од 10 години немала свој претставник во власта во оваа Општина.

Нејзин противкандидат беше Стево Пивковски, досегашен градоначалник во Могила, кој одеше на овие избори како претставник на група на избирачи.

Во 19 часот се затворија избирачките места во сите општини во Македонија, после што следи преброување на гласовите во вториот круг на локалните избори.

Во штабовите на политичките партии се очекуваат прес-конференции по 20.30  часот по првичните резултати.

 

 

 

29.10.2017 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега