Поткуп при гласање во Чаир - две лица приведени
Денеска околу 16 часот пријавено е дека на ул. „Максут Садик“ во скопската населба Чаир, од страна на непознато лице се врши поткуп при избори и гласање, информира МВР.
Во врска со настанот, поради сомнение за кривично дело „Поткуп при избори и гласање “ приведени се две лица, 46-годишниот Б.И. и 24-годишниот С.А.
Полицијата ги презема потребните мерки за расчитување на настанот.
29.10.2017 - 19:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа