Маж почина во светиниколско по несреќа која се случила во неговиот двор

Маж во светиниколски починал, откако го притиснала земјоделска косачка

Од МВР известуваат дека вчера околу 14,00 часот во село Амзибегово, светиниколско, дошло до несреќен случај во кој додека 50- годишниот Т.Р во дворното место од својот дом, ја чистел земјоделската косачка, која била приклучена на трактор и подигната од земја, во еден момент косачката го потиснала Т.Р. (кој бил легнат на земја), во пределот на главата.

Истиот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Здравствен дом Свети Николе, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиничка болница Штип, каде починал.

Увид на место на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Свети Николе.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на фамилијата за погреб.

 

 

 

29.10.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега