Накит вреден милион денари и сеф со пари украдени од стан во Битола

Непознато лице, синоќа по полноќ во Битола на улица „Питу Гули“  во станот на 57-годишниот В.Ј., извршило кражба, при што одзело  225.000 денари, 1300 евра, 800 американски долари, 450 швајцарски франци и разновиден златен и сребрен накит, со што се стекнал  со противправна имотна корист од 500.000 денари,соопштуваатод МВР.

Како што информира полицијата, сторителот ја отклучил влезната врата, влегол во станот, извршил пребарување во спалната соба и одзел метален сеф, во кој биле парите и накитот, по што го напуштил местото.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

08.10.2017 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега