Му се слошило и паднал - маж починал на лице место во Скопје

Во населбата Илинден, на улица „32“ бб, поточно во фирма лоцирана на истата улица, вчера дошол турскиот државјанин 57-годишниот Џ.П. од Република Турција со товарно возило „МАН“ со турски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Република Турција,  и откако ја истоварил робата на улицата, му се слошило и паднал во дворот од фирмата, при што починал. 

Од страна на лекар од Итна медицинска помош, констатирана е смрт без траги на  насилство.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот со погребално возило е однесено во судска медицина за понатамошна постапка.

Од страна на увидна екипа  возилото е дислоцирано и запечатено до доаѓање на претставник од фирмата од Република Турција во чија сопственост е камионот за преземање на истиот.

 

 

 

 

08.10.2017 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега