“ЕВН Волонтира” продолжува со активности низ територијата на Република Македонија

Вработените на ЕВН Македонија продолжија со вложување на нивниот труд со цел реализирање на волонтерски активности за доброто на заедницата. Во последните денови, проектот “ЕВН Волонтира” опфати повеќе градови и општини меѓу кои Зрновци, Свети Николе, Делчево и Скопје.

Во просториите на црквата “Гласност” во Скопје, волонтерскиот тим  на ЕВН Електроснабдување во соработка со организацијата “Ретвитни оброк”,  го посветија нивниот работен ден на подготвување храна за социјално загрозените лица. Поддршка за реализирање на активноста даде и г-дин Маркус Брандштетер, управител на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ.

„Светлина =  Живот” е насловот на активноста на тимот од КЕЦ Штип. Оваа волонтерска активност овозможи замена на сите нефункционални светилки во и надвор од објектот во детската градинка „Рахилка Гонева” во Свети Николе.

Членовите на тимот КЕЦ  Делчево ги бојадисуваа и освежуваа столбовите за улично осветлување во центарот на градот, а тимот од КЕЦ  Кочани работеше на поправање на оградата и поставување на врати на фудбалското игралиште во с. Зрновци.

ЕВН Македонија планира да учествува во уште многу разновидни волонтерски активности и со тоа да го поддржи развојот на општествената одговорност во земјава.

 
 

 

 

27.09.2017 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега