Манојлоски: Тетово повеќе нема да биде град-депонија

 

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од редовите на ВМРО ДПМНЕ Горан Манојлоски, на денешниот почеток од предизборната кампања за претстојните локални избори одржа прес-конференција пред партиските простории во Тетово. Тој посочи дека овојпат тоа ќе биде уште една нова победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

– Во нашата програма предвидуваме многу инфраструктурно проекти, изградба на улици и тротоари, решавање на долгогодишниот проблем со сметот во градот. Во нашата програма се предвидува и обнова на градинките како и изградба на нови градинки и детски забавни паркови на повеќе локации низ градот рече Манојлоски.

 

Тој ги повика граѓаните да гласаат за поубаво, подобро и европско Тетово и да ја поддржат листата на советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и неговата кандидатура за градоначалник.

 

 

 

25.09.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега