Чадиев со 370 реализирани проекти и богата нова програма ја бара довербата од сограѓаните на избори

 

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Велес, Славчо Чадиев, денеска ги претстави приоритетните проекти од изборната програма за  развој на општината. Тој ветува макотрпна и напорна работа.

Со реализирани 370 проекти во изминатите четири години, тој бара втор мандат од сограѓаните за, како што кажа, почнување нови проекти за подобар живот во општината.

 

Најави изработка на студија за изградба на гасоводна мрежа на градот,  изградба на обиколница и кружни текови како решение за сообраќајниот метеж, катна гаража на паркингот до автобуската станица, покриен градски пазар…

– Поранешното училиште „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пренамениме во Центар за лица со посебни потреби и во градинка, а Офицерскиот дом во Градска библиотека. Туристичкиот локалитет „Езеро Младост“ дополнително ќе се уреди. Ќе започнеме и постапка за одвојување на атмосферската канализација од фекалната со изградба на прочистителна станица за отпадни води за Велес, рече Чадиев.
 
Тој вети позитивна кампања и најави дека ќе даде приоритет на предлозите од граѓаните за решавање на нивните проблем и подобар квалитет на животот во  урбаните и месни заедници.
 
– Политиката е натпревар на идеи, служење на народот. Велес е град кој што заслужува таков однос. Граѓаните тоа го очекуват од нас, и ние не треба да ја изневериме дадената доверба, рече Чадиев.
 

 

 

25.09.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега