Од утре времен режим на сообраќај од Пресека до Песочан

Поради изведување градежни работи на патот Кичево – Охрид, на потегот од  Пресека до Песочан, од утре се воведува времена измена на сообраќај, со преминување од една коловозна лента во друга, соопшти денеска Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

На патот каде се воведува времената измена е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Режимот на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работите на патот.

 

 

 

15.09.2017 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега