Средба Гаши-Франгеш: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со посебниот советник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.

Гаши изрази благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја.

Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на евроинтеграциите. Особено се ценат нејзините заложби за одржување на прашањето за проширувањето високо на агендата на Европската Унија.

Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро, затоа што и Балканците се Европејци и тоа е во корист не само на овие земји, туку и на самата Унија.

04.07.2024 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега