Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис.

-Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни, изјави Трипуновски.

Посочи дека ова е само најава на тоа што следува и во која насока ќе се движи Министерството во иднина, со зголемен ангажман, побрза реакција и поголема грижа за македонските земјоделци.

-Ја намалуваме бирократијата и ги забрзуваме процесите и постапките бидејќи македонските земјоделци треба да се посветат само на производството, заврши Трипуновски.

02.07.2024 - 19:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега