Истече рокот за поднесување кандидатури за локалните избори

Општинските изборни комисии во рок од 48 часа треба да ги проверат поднесените кандидатури и да утврдат дали има неправилности.

Политичките партии и независните кандидати ги поднесоа кандидатурите за градоначалници и советнички листи. Рокот истече синоќа на полноќ, а изборите ќе се одржат точно за еден месец.

Партиите во текот на вчерашниот ден ги финализираа листите и ги објавија имињата на кандидатите со кои ќе се борат за локалната власт.

По доставување на документите, сега Општинските изборни комисии (ОИК) во рок од 48 часа треба да ги утврдат кандидатурите и да ги одобрат, ако има пропусти треба да ги вратат на докомплетирање, а поднесувачите на листите ќе имаат 48 часа да ги отстранат неправилностите. 

Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче треба да се одржи на 18 септември. Кампањата ќе започне за десет дена (25 септември), а гласањето е закажано за 15 октомври. Изборите ќе се одвиваат во 80 општини и во Градот Скопје.

 

 

 

15.09.2017 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега