СЈО ќе објави нов извештај за сработеното

Денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да објави нов извештај за сработеното во изминатите шест месеци. Катица Јанева извештајот треба да го предаде до Собранието на Репуублика Македонија и до Советот на јавни обвинители.

Понатаму се очекува и претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже собраниска седница за Јанева да го презентира пред пратеници.

Претходниот извештај во март, таа немаше можност да го презентира пред пратениците ниту да одговара на пратенички прашања поради политичката криза.

Мандатот од 18 месеци на СЈО за покренување обвиненија заврши, но според законот тие имаат пет години за спроведување истраги. 

Тимот на Јанева се споменува и во Нацрт-стратегијата за реформи во правосудството каде е предвидено тие да станат специјализирано одделение на Јавното обвинителство кое нема да ги истражува само индициите од бомбите туку сите високи профили на корупција.
 

 

 

 

 

15.09.2017 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега