Вечерва задолжително погледнете во Месечината: Светецот кој се слави ќе ви открие нешто важно

Денеска е празникот посветен на Свети Симеон Столпник, кој бил мошне почитуван и славен во местата каде земјоделието било главен извор на приход. Неговиот живот бил необичен, а кај народот останало верување дека од денеска почнува есенското сеење чиј заштитник е токму овој светец.

Затоа во многу села и денеска се задржал обичајот да се носи семе од куќата во црква за свештеникот да го благослови и така да си обезбедат родна година.

Еден од пбичаите кои треба да се направат денеска е задолжително да гледате во месечината вечер. Ако е млада Месечина тоа значи дека житото добро ќе роди и цела година ќе биде родна.

Оној што сее коноп треба да почне денеска, но пред сеидбата треба да стави три варени јајца, а нив подоцна да ги изедат орачите. Се верува дека така конопот ќе биде бел како јајце.

Свети Симеон денеска ги чува посевите од секакво зло и затоа треба да се фрли семето во ораницата, макар и два прсти за годината да биде родна и плодна за сите.

 

 

 

14.09.2017 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега