Уште еден црн ден за српската кинематографија - почина легендата на „Отпишани“ и „Среќни луѓе“

Актерот почина на 87 годишна возраст, а последната улога во која го гледавме беше во филмот „Монтевидео, Бог те видео“.

Прочуениот српски театарски и филмски актер, режисер и книжевник Томо Курузовиќ, е роден во 1930 година во Сараево. Заврши на ФДУ во класата на професори Јозе Лауренчиќ. Академијата за театрите и филмот заврши во 1953 година, а дипломираше во 1957.

Родителите му работеле во театарот, па Томо уште од пет години учествувал во детските театарски претстави. Во југословенскиот драмски театар почна да настапува за да студира глума.

Една од неговите највпечатливи адаптации и драматизација е монодрамата Питер Пепо Бандиќ (Бранко Чопоќ), кој го толкуваше.

Режисер е на над 40 театарски претстави. Драматизираше и ги адаптираше делата на Петра Кочиќ, Бранка Чопиќ, Коста Трифковиќ, Меше Селимовиќ, Јована Стерија Поповиќ.

Томо Курзовиќ беше најпознат по улогата на прочуениот Мисирца, во култната серија „Враќање на отпишаните“, по која на многумина ќе им остане врежан во сеќавањето.

 

 

 

03.08.2017 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега