УХМР предупредува: Нагло заладување, нестабилност и грмежи

Попладнево, претежно во јужните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со пообилни врнежи, услови за појава на град и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, особено во југоисточните делови.

Утре, под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од север, времето ќе биде облачно и свежо, со умерен до засилен северен ветер. Во целата земја ќе има и врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Максималната температура значително ќе опадне и ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне, а во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер.

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.

 

 

 

 

 

15.07.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега