Отишла да им гледа на кафе, во Прилеп, а си заминала со плен вреден 250.000 денари

Струга поднесе кривична пријава против 49- годишната Ф.М од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против 43- годишната И.В од Прилеп поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело „помагање“.

На 04.05.2017година во село Јабланица, струшко, Ф.М. со помош на И.В. дошла во домот на Н.Д. каде побарала да и гледа на кафе на Н.Д. и нејзината снаа. За истото требале да и дадат златен накит и 100 евра. Откако истите и го дале, пријавената им кажала дека треба да го земе златото за да ја тргне магијата и дека ќе им го врати во 15.00часот. После тоа заминала од домот, им оставила телефонски број за контакт, но повеќе не се појавила, а на телефонскиот број не била достапна.

Со тоа лицата увиделе дека се измамени и дека  ги оштетила за 250.000 денари. 

 

 

 

07.06.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега