Вонредна временска прогноза

Од недела следува период на променливо и повремено нестабилно време, најчесто во попладневните часови со локален пороен дожд проследен со засилен ветер и појава на грмежи.

 Во недела ќе се врати повремено силниот западен ветер, особено за југозападот и југот на земјата и ќе биде и нестабилно на повеќе места, а повеќе на северот и истокот од земјава.

 Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи од дожд во поголемиот дел од земјава.

 

 Веќе од утре ќе е малку посвежо. Од среда се очекува да има и позначително не и подолготрајно спуштање на утринските и на дневните температури, кое ќе се почуствува повеќе во северните делови. 

 

 

 

05.05.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега