ФЦО: Длабоко сме загрижени за ситуацијата во Македонија

Учесниците на Форумот на цивилно општество во Тирана изразија денеска загриженост поради прогонот на членови на цивилното општество во Македонија.

- Осуетувањето на работата на организациите на цивилното општество само го заслабнува демократскиот капацитет на Македонија, бидејќи тие се интегрален дел на демократските процедури и треба да го почитуват нивното право на слободно изразување и работа, се наведува во соопштението.

Во заклучокот, Форумот на цивилното општество во Тирана изразува поддршка за сите организации на граѓанското општество во Македонија и целиот регион на Западен Балкан.

Во Тирана се одржува тридневен Форум на цивилното општество, на кој учествуваат организации на цивилното општество од Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ и Косово и доносители на одлуки од регионот и ЕУ.

 

 

 

28.04.2017 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега