Зима среде пролет: После Велигден доаѓа снегот

Времето  во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со зголемена облачност и на повеќе места со краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Температурата ќе се движи од 16 до 26 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Температура ќе достигне до 24 степени.

Позначителна промена на времето ќе настапи од недела попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север кој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд, а на повиските места и снег. Од недела вечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.

 

 

 

15.04.2017 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега