Хорор во Венецуела - убиени две лица меѓу кои и дете

 

Во Венецуела продолжија протестите против претседателот Николас Мадуро, при што во западниот град Баркисименто се убиени две лица, од кои едното е 14-годишно момче, додека демонстрантите во Боливар фрлале со разни предмети врз возилото на Мадуро. 

Локалниот гувернер ги обвини вооружените приврзаници на венецуелската Влада за убиствата на момчето и на другиот демонстрант, што се случија во вторникот вечерта, јави Би-Би-Си, потсетувајќи дека двајца студенти се убиени за време на протестите минатата недела. 

Мадуро присуствуваше на митинг во источната држава Боливар во вторникот вечерта, кога се најде на мета на демонстрантите. 

На снимките што беа објавени на социјалните мрежи се забележува како граѓаните гаѓаат врз возилото на венецуелскиот претседател, а сведоците тврдат дека лицата фрлале со камења и флаши врз Мадуро. 

Претходно, конвојот на Мадуро беше гаѓан со јајца на воената парада по повод неговото враќање од Куба. 

Истата ноќ подоцна, стотина млади лица се судрија со полицијата за време на протестите што беа организирани во знак на поддршка за потенцијалниот кандидат на опозицијата на претседателските избори во 2018 година, Енрике Каприлес, на кого во петокот му е забранета политичка работа во наредните 15 години. 

 

 

 

13.04.2017 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега